Дарко Велковски се сели во Унгарија

243

Но не во тимот на Фехервар како што првично беше најавувано, туку македонскиот репрезентативец заминува во тимот на Нирегихаза, екипата која што во моментов е осма на табелата во лигата.

Како што е добро познато, Велковски веќе со месеци е без клуб, и го загуби и статусот на репрезентативец на Македонија, но ете зимава конечно го решава статусот со клубот.

Последно тој беше дел од тимот на Динамо Букурешт во Романија, а претходно беше на Блискиот исток како дел од тимот на Ал Етифаг. Ријека од Хрватска беше неговиот прв тим во странство, а претходно во Македонија беше дел од Вардар, Работнички и Македонија ЃП.

И покрај неговиот никогаш не доречен фудбалски потенцијал бидејќи многумина го сметаа за најталентиран млад фудбалер своевремено сепак Велковски нанижа дури 56 настапи за репрезентацијата на Македонија. Со неговите 29. години во моментов е далеку од она што некогаш му се предвидуваше, а да се надеваме дека Унгарија ќе биде дестинацијата во која што Дарко Велковски барем ако ништо друго подолго ќе се задржи.

 

ПретходноИнзаги: Уморни сме но нема повлекување ниту оправдување
СледноМашике од Гостивар замина во Флориана