Нашите ракометари ги прават последните подготовки пред вториот дуел на Светското првенство. Унгарија е веќе минато, целосно се посветени да подготвување на тактика против Холандија, меч кој се игра утре (18 часот).
Со Холандија немаме добро искуство, на последната пресметка во Краков, исто на СП, пред две години, одигравме под своите можности, но тогаш голем дел од играчите го немаа искуството кое го поседуваат денеска.
„Заврши таа епизода со Унгарија, ги извлековме добрите работи, лошите ги изолиравме за да ги подобриме. Сега не очекува брза и спремна репрезентација. Ги анализираме, се подготвуваме за нив и ќе се спремиме и ние за да ги спречиме нивните најсилни елементи во играта. Унгарија и Холандија се екипи со различни стилови на игра. Нема да биде лесно, знаат што сакаат. Ние ќе мораме да ја спречиме нивната полуконтра и брз центар и да вимаваме посебно во враќањето кон својот гол. Овој меч ќе ни биде шанса да им вратиме за натпреварот од пред две години и да покажеме дека од тогаш сме напредувале и индивидуално и тимски и да им дадеме на нашите навивачи уште еднаш шанса да се израдуваат“, изјави Ненад Костески.