Лестер има нов стопер во името на Кулибали

44

Досегашниот дефанзивец на тимот на Парма, Војо Кулибали се сели во Премиер лигата, поточно во тимот на Лестер.

За силболична сума од 3.5 милиони евра Кулибали се сели во Англија, а во Парма одигра доста натпревари откако во 2021 година пристигна од Ле Авр.

„Секако дека е чест и привилегија да се биде дел од тимот на Лестер. Едвај чекам да се приклучам на екипата и да дебитирам за тимот“  – изјави Кулибали.

Кулибали инаку може да игра на позицијата десен но и лев бек, а има државјанство на Франција но и на Мали.

 

ПретходноСензација на АО: Американец со виетнамско потекло по голема драма го елиминираше Медведев!
СледноСпоред ИХФ: Митревски ја има една од најдобрите одбрани во вториот ден на СП! (ВИДЕО)