Македонија во една слика!

529

Македонските ракометари и на ова големо натпреварување ја имаат поддршката од Фалангата. Јануарската еуфорија да се бодри националниот тим од лице место продолжи. Во Вараждин пристигнаа околу 1.000 навивачи, токму Македонците му го дадоа мундијалскиот шмек на овој град, бидејќи претходно на дуелот меѓу Холандија и Гвинеја трибините беа празни.

Прашањето пред мечот меѓу Унгарија и Македонија дали ќе успеат да ги внесат знамињата со сонцето од Кутлеш. Неколку дена пред стартот на Светското првенство беше испратена порака само официјални знамиња ќе можат да бидат внесени во сала.

Обезбедувањето успеа да „заплени“ неколку, но не и останатите. На трибините појави големо знаме кое ја отсликува упорноста на македонскиот народ, сонцето огреа во Вараждин.

Фановите им ги разиграа срцата на македонските ракометари, Арената дишеше во знакот на „црвено-жолтата“ боја. Македонците уште еднаш, на истото место оставија свој белег. И по овој прв меч долго време ќе се зборува за спекталот на трибините.

Нашите ракометари се надеваат дека во петок за дуелот против силната Холандија бројот на фанови ќе биде уште поголем.

ПретходноСП 2025: Италијанците по нов триумф, први мечеви за Словенија и Шпанија
СледноАртета: Верувам дека можеме до титулата во Премиерлигата