Алдин Хрвановиќ (26), е ново име во Силекс. Имено напаѓачот од БиХ и кратовци го договориле трансферот, останува само уште промоцијата.
Хрвановиќ во својата земја и не е така непознато име. До пред една година играше за Зрински, потоа беше во нападот на Слобода Тузла, има играно и за Железничар и други клубови во БиХ, а има и интернационална кариера во Швајцарија.
Да потсетиме дека Силекс есенскиот дел го заврши како лидер на табелата, а во продолжение од сезоната има и шампионски амбиции.