Нејмар е се поблиску до заминување во САД. Според ESPN, Бразилецот имал прелиминарни разговори со три клуба од МЛС лигата, вклучувајќи го и Чикаго Фајр.
Извесно е дека Нејмар никогаш не успеа во Саудиска Арабија, каде трпението на газдите во Ал Хилал веќе истекува. Поради повреди тој досега има само седум натпревари за клубот и големи се шансите наскоро да си замине.
Нејмар сега е во фаза на прелиминарни разговори со три клуба од МЛС лигата, од кој еден сигурно е Чикаго Фајр.
Претходно имаше гласини дека Интер Мајами би можел да биде можна дестинација за Нејмар, но главниот тренер на тимот, Хавиер Маскерано, тоа го нарече нереално очекување. Нејмар има договор со Ал-Хилал до летото 2025 година.