Манчестер Сити и Пеп Гвардиола и дефинитивно не се шегуваат. Откако ги договорија трансферите на Абдукодир Хусанов од Ленс, Витор Реис од Палмеирас и Омар Мармуш од Ајнтрахт Франкфурт, сега “граѓаните“ и официјално доставиле понуда вредна 65 милиони евра за Андреа Камбијасо. Пеп го посаква бекот на Јуве и како што стојат засега работите и ќе го добие.
Очигледно е дека Сити по очајните настапи во досегашниот дел од сезонатам, и тоа како има намера осетно да се засили.
Ако успее да го доведе и Камбијасо, тогаш тоа ќе бидат повеќе од 200 милиони евра за нови имиња во текот на овој зимски преоден рок.