Она што “СпортСпорт“ го најави уште пред неколку денови, а потоа и Пелистер го потврди, од денеска е и официјално. Рускиот интернационалец Захар Тарасенко попладнево беше промовиран од страна на битолчани како нивни нов играч и тоа со дресот на Пелистер.
Тарасенко доаѓа од шампионатот на Ерменија, а овој напаѓач треба да биде замената за Михаил Талевски кој направи трансфер во Вардар.