Франција го збриша и Кувајт, Италија си гази, убедливи Шпанци и Словенци!

104

Попладнево од терминот од 18 часот се одиграа четири меча на СП 2025. Франција, селекција коа важи за една од фаворитите за медал, по убедливата победа над Катар во 1.коло, денеска славеше и против Кувајт исто така убедливо и тоа со 43:19. Ремили со 6 голови беше најефикасен кај победничката екипа.

Словенија исто така беше убедлива и тоа против Куба и тоа со 41:19, тука најефикасен беше Влах со 7 голови.

Ја видовме и Шпанија и тоа против Чиле. Секако победа за “фуријата“ со 31:22, можеби се очекуваше и поубедлива победа, но сепак и ова беше доволно за првиот меч на Шпанците на ова СП.

И во четвртиот меч Италија беше подобра од Алжир со 32:23, ова беше втор меч и втора победа на „аѕурите“. Јасно е дека тие се пласираа во главната фаза на овој Мундијал.

ПретходноМирко Лазарески со одличен старт во новата сезона!
СледноЛазаров: Утрово се уште постоеше разочарување, но не се сомневам во моите момци!