Јани Атанасов може да направи трансфер во шкотски Хиберниан

88

Шкотските медиуми пишуваат дека уште еден македонски фудбалски репрезентативец може да заигра во шкотската Премиер лига. Според пишувањата на медиумите, екипата на Хиберниан размислува за ангажман на нашиот репрезентативец Јани Атанасов, кој настапува за екипата на Краковија во Полска.

25-годишниот играч за врска е само една од бројните опции за средниот ред што клубот моментално ги разгледува. Атанасов има 22 натпревари и три репрезентативни гола, има договор со Краковија само до крајт на сезоната, што значи дека оваа зима може да преговара со клубови и за трансфер како слободен играч на лето. Таа опција Хиберниан може да ја искористи за да го добие за многу поволна цена уште оваа зима.

Доколку Атанасов се пресели во Шкотска, ќе ја зголеми македонската колонија која во моментов ги има Трпановски и Бабунски во Данди Ј., Здравковски во Мадервел, а претходно таму беше и Миовски во Абердин.

ПретходноВелковски: Одигравме за Јовиќ и за навивачите, жалиме што не победивме!
СледноКузмановски и Костески на врвот во две статистички категории!