Велиновски си замина од Сумгајт

243

Екс македонскиот младински репрезентативец,  Кристијан Велиновски си замина од Азербејџанскиот тим на Сумгајт и на пролет ќе има нов клуб.

Офанзивецот замина таму во 2023 година од тимот на Брера, но очигледно дека е подготвен за нов предизвик во кариерата.

Велиновски е дете на Брегалница но уште како младинец замина во Струмица, за да биде дел од тимот на Академија Пандев, денешна Брера. Одеше неколкупати на релација Брегалница – Брера, за да потоа го направи трансферот во Азербејџан.

Велиновски е 1999 годиште и во моментов има 25 години.

 

ПретходноАртета: Верувам дека можеме до титулата во Премиерлигата
СледноИнтер за 7 милиони евра купи млад Аргентинец