Досегашниот играч на Астон Вила, Џејден Филоџин, за цели 22 милиони фунти се пресели во тимот на Ипсвич Таун. Играчот кој беше на радарот и на една Барселона сепак остана во Премиер лигата. Филоџин летоска се врати во тимот на Астон Вила откако одработи позајмица во Хал Сити.
Џејден Филоџин оваа сезона забележа 15 настапи за Астон Вила во сите натпреварувања.
Крилниот напаѓач потпиша четири и пол годишен договор со Ипсвич Таун, кој, доколку го заврши, Филоген ќе остане на Портман Роуд до јуни 2029 година. Тој во моментов има 22 години, а нив кариерата забележа десетина настапи за младинските репрезентации на Англија.
It’s time to dance. 🕺 pic.twitter.com/iiBVQaS5wF
— IPSWICH TOWN (@IpswichTown) January 15, 2025