Ѕвездата на Денвер Нагетс, српскиот кошаркар Никола Јокиќ го повреди десниот лакт пред почетокот на натпреварот со Хјустон синоќа, поради што и не настапи на средбата. По поразот на домашен терен, тренерот на Нагетс, Мајк Мелоун зборуваше и за повредата на Јокиќ.
„Јокиќ го повреди лактот. Тоа се случи во последен момент. Не знам кога ќе го имаме назад во тимот“, изјавил видно загрижен Мелоун.