СП 2025: Италијанците по нов триумф, први мечеви за Словенија и Шпанија

175

Денеска на програмата е третиот натпреварувачки ден на Светското првенство 2025. Додека Македонија денеска малку ќе одмори за да собере сили за утрешната пресметка со Холандија, во четири групи на програмата се нови осум натпревари.

Интересно, денеска во две групи веќе почнува и второто коло каде по денешните дуели веќе може да го дознаеме и првите патници во гланата фаза. Репрезентацијата на Италија, која во првото коло направи изненадување по триумфот против селекицијата на Тунис, денеска се среќава со Алжир. Победа над Алжирците за Италијанците ќе значи виза за втора фаза. Во истата група Тунижаните пред себе ја имаат Данска.

Првпат на терените ќе ги видиме селекциите од групите „Ф“ и „Г“. Таму Словенците денеска играат со Куба, а Шпанците со Чиле.

РАКОМЕТ – СП, ХРВАТСКА, ДАНСКА, НОРВЕШКА

ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА: 

ГРУПА Б – 2 коло

18.00 Италија – Алжир

20.30 Тунис – Данска

ГРУПА Ц – 2 коло

18.00 Кувајт – Франција

20.30 Австрија – Катар

ГРУПА Ф – 1 коло

18.00 Шпанија – Чиле

20.30 Шведска – Јапонија

ГРУПА Г – 1 коло

18.00 Словенија – Куба

20.30 Исланд – Зеленортски О.

ПретходноЕмоција, борба, срце – Македонија!
СледноМакедонија во една слика!