Кошаркарите на ЛА Клиперс го победија Бруклин со 126:67 во еден од ноќешните натпревари во НБА лигата. Ова беше вистинска катастрофа за гостите, со оглед на тоа што победата со 59 поени разлика е една од најголемите во историјата на најсилното кошаркарско првенство во светот. Актуелниот рекорд се уште е 79 поени разлика во победата на Мемфис над Оклахома.
Во едне период од мечот, домашните имаа предност и од 64 поени, па на крајот катастрофата заврши со 59 поени во полза на домашните. Во дресот на Клиперс
Кавај Ленард постигна 23 поени, додека Џејмс Харден со 21 поен стигна до 15. место на вечната листа на стрелци во НБА.
Исклучително интересен меч имаше во Минеаполис, каде домашната Минесота загуби од Голден Стејт со 115:116. Во победата на Вориорс Стивен Кари постигна 31 поен. Канадскиот напаѓач Ендрју Вигинс постигна 24 поени, додека за Минесота Ентони Едвардс и Донте ДиВинченцо имаа по 28 поени.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Филаделфија – Њујорк 119:125 (прод.)
Торонто – Бостон 110:97
Чикаго – Атланта 94:110
Милвоки – Орландо 122:93
Њу Орлеанс – Далас 119:116
Сан Антонио – Мемфис 115:129
Денвер – Хјустон 108:128
Јута – Шарлот 112:117
Минесота – Голден Стејт 115:116
ЛА Лејкерс – Мајами 117:108
ЛА Клиперс – Бруклин 126:67