Уф, каков финиш на “Олд Трафорд“ од таа 82.минута па се до крајот. Неверојатен настап на младиот Амад Диало во тие последни минути на оваа средба кога од 0:1 во таа 82.минута постигна хет – трик и му донесе победа на својот тим од 3:1.
Прво гол во 82.минута за 1:1, па гол за 2:1 во 90.минута и на крај постигна трет, фантастичен, гол за конечни 3:1 во 90+4.минута со што го спаси својот тим од голем срам. Значи хет-трик за 12 минути.
Секоја чест.
До таа 82.минута последниот на табелата, составот на Саутемптон беше подобар, имаше водство, имаше и шанси за 0:2 и 0:3, но “ѓаволот“ Амад Диало донесе еугорија на “Олд Трафорд“.
Оваа сезона ако некој нешто игра, и тоа како, во тимот на Јунајтед, тоа само Амад Диало.
Да кажеме дека гостите дојдоа во водство од 0:1 со автоголот на Угарте во 43.минута.