Кузмановски: Не треба да го заборавиме мечот во Краков! Мора да веруваме во себе!

172

Филип Кузмановски целосно ја оправда улогата на капитен на неговиот прв меч на едно големо натпреварување со оваа нова функција во националниот тим. Постигна десет гола во ремито против Унгарија, ја даваше потребната доза на самодоверба во редовите на нашата репрезентација, ја превземаше одговорноста на теренот во тешките моменти.

Колку и да е тешко да се прифати фактот дека денеска против Холандија, Македонија може ќе ја бараше втората победа, сепак Кузмановски уверува дека сето тоа е минато, тие се целосно насочени кон новиот голем предизвик. Анализата е направена, а она што им останува на сите е да повторно да одиграат на врвно ниво и пробаат да дојдат нов изненадувачки резултат против уште еден голем фаворит во групата.

„Унгарија мораме да ја заборавиме, имавме анализа за да видиме што можеше да се одигра подобро, што треба да поправиме. Пред нас е Холандија, уште еден квалитетен противник, добра селекција.

Не треба да заборавиме каков натпревар имавме против нив на последното Светско првенство и со колкава разлика загубивме. Тоа треба да биде предупредување за нас, мора да бидеме максимално фокусирани во враќањето во одбрана бидејќи го имаат Лук Стејнс, знаме како ги организира тие полуконтранапади“, вели капитенот на нашиот најдобар национален тим.

Мотивацијата е голема, а за тоа е задолжена и Фалангата која на првиот натпревар беше вистинска инспирција за секој до нив. Кузмановски вели дека треба да проработе македонскиот инает како што беше случајот со Фарски Острови на домашен терен.

„Добро ги анализиравме Холанѓаните. Мотивирани сме, си покажавме сами на себе дека можеме да играме против квалитетни репрезентации, самодовербата е на повисоко ниво. Горд сум на на момците бидејќи покажаа како се игра за Македонија, сите беа пожртвувани, на теренот делувавме како едно. А со толку голема поддршка од нашите навивачите мислам дека заслужуваме да победиме на крај.

Мора да бидеме борбени и агресивни. Повторно ќе го земам за пример мечот со Фарски Острови, надокнадивме толку голема негатива, проработе македонскиот инает. Мора да веруваме во себе, да одиграме на ист начин“, заврши Кузмановски.

Натпреварот меѓу Македонија и Унгарија е закажан со почеток во 18 часот.

ПретходноАморим: Не одигравме добар натпревар, но најважно е дека победивме
СледноХаланд со специјална видео порака: Драги дефанзивци, жал ми е! (ВИДЕО)