Нема крај на шпекулациите околу следната дестинација на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Нашиот интернационалец е на излезна врата од Ред Бул Лајпциг, неговиот сегашен клуб, кој што на последните мечеви не го сврствува ниту во составот.
Тоа значи само едно, дека зимава пробува да се ослободи односно да го даде или на позајмица, или пак да го продаде Елмас.
Во редот на клубовите кои што се споменуваат како заинтересирани за Елмас, покрај италијанските Фиорентина, односно Наполи, турскиоте Фенербахче, сега е во игра наводно и шпанска Валенсија.
Престижниот „Атлетик“ вели дека клубот од Местаља за кого секако во моментов настапува нашиот репрезенаттивен голман, Столе Димитриевски е заинтересиран да го доведе Елмас и да се засили зимава со играч кој ќе помогне клубот да се спаси од испаѓање.