Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во осминафиналето на Австралија опен. Третопласираниот светски играч за првпат загуби сет на овогодинешниот турнир во Мелбурн, но на крајот ја надмина пречката наречена Нуно Борхес (3:1). По сетовите беше 6:2, 6:4, 6:7 (3), 6:2 по два часа и 55 минути игра.
Така тој стана четвртиот тенисер кој до 22-годишна возраст забележал по 10 победи на секој од четирите Грен слем турнири. Пред него тоа го направија Матс Виландер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.
No. Way. 🤯
Carlos Alcaraz, you’re something else 😲@wwos • @espn • @eurosport • @wowowtennis • #AusOpen • #AO2025 pic.twitter.com/wDeHh7awLt
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 17, 2025
Вториот светски тенисер во три сета (3:0) беше подобар од Џејкоб Форли. По нешто повеќе од два часа игра, сетови беа 6:3, 6:4, 6:4.