Некогашниот македонски младински репрезентативец, а сега интернационалец, Дарко Илиески е нов играч на тимот на Билис од Албанија. Спортспорт го најави трансферот на дефанзивецот кај нашиот западен сосед уште пред неколку дена, а сега истиот добива на потврда, односно реализација.
Илиески е искусен стопер кој што ја градеше својата кариера најпрво во Македонија преку екипите на 11 октомври, Металург, Шкупи, Победа, Пелисѕер, Борец, за да се искуси и како интернационалец во Ерменија, Словенија, за да последно биде дел од шампионатот на Таџикистан.
Тој во минатото одигра преку десетина мечеви за младинските селекции на Македонија.