Квича утрово беше на прегледи во ПСЖ, потпишува денеска

112

Квича Кварацхелија пристигна на лекарски прегледи во ПСЖ и наскоро се очекува да го потпише договорот со францускиот првак.

„Ле Паризиен“ објави дека крилниот напаѓач пристигнал во Париз уште синоќа, а утрово бил прегледан во медицински центар. Наполи за грузискиот интернационалец ќе добие 70 милиони евра, а оваа сума најверојатно ќе биде исплатена во три рати.

Кварацхелија кој во наполи имаше плата од 1,8 милиони евра годишно по оданочување, во Франција ќе биде платен петпати повеќе. Договорот ќе биде со важност до 2029 година.

ПретходноДенеска на Мундијалот: Норвешка мора, ама баш мора да победи!
СледноТедеско добил отказ: Белгија со нов селектор на дуелите со Македонија