“Копа дел Реј“: Ендрик го спаси Реал Мадрид од нова бламажа!

111

Реал Мадрид – Селта 5:2, ама по продолженијата, во 1/8 финалето во “Копа дел Реј“. Во регуларниот дел беше 2:2, а потоа на сцена стапи младиот Ендрик со два гола и еден на Валверде и сепак му донесоа триумф на својот тим и пласман во следната фаза.

Реал Мадрид се спаси од нова бламажа, од нов срам.

А се можеше да биде поинаку ако се знае дека Реал, со головите на Мбапе и Вини до 83.минута водеше со 2:0. И тогаш Селта со головите на Бамба и на Алонсо од пенал во 90+1.минута од пенал успеа да израмни и да го однесе овој меч на “Бернабеу“ во продолженија.

А таму Ендрик и Валврде стрелаа за конечни 5:2.

Инаку пред мечот се случи нешто неверојатно. Кога се најавуваа актерите на оваа средба кај Реал, кога на видеобимот се појави “фацата“ на Дон Карло Анчелоти почнаа свирежи од трибините.

Ова значи дека Дон Карло, по онаа бламажа од Барселона, и дефинитивно ја нема веќе поддршката од фанвите.

Исто се случуваше и со Чуамени во првиот дел од средбата кога при секој негов допир со топката, беше исвиркуван од фановите на Реал.

На останатите мечеви вечерва Билбао дома беше поразен од Осасуна со 2:3. Ова значи дека бранителот на пехарот е елиминиран во 1/8 фианалето во ова натпреварување.

Додека Сосиедад пак успеа да слави против Рајо Ваљекано со 3:1 и тој се пласираше во 1/4 финалето.

ПретходноХет-трик за 12 минути: Амад Диало е “ѓаволот“ кој го спаси Јунајтед од голем срам!