Лазаров за македонските новинари: Колку и да не сакам да зборам и да се правдам, но да имате 12 пенали! Ова личеше на сѐ, освен на меч од СП!

2791

Македонската ракометна репрезентација одигра неочекувано чуден меч против Холандија. Наместо да гледаме рамноправна битка и главниот збор да го имаат ракометарите на двете репрезентации, во преден план излегоа данските судии. Холандија вечерва застана 12-пати на седмерец, и не е само тоа, Македонија доби бројни исклучувања.

Селекторот, Кирил Лазаров по завршување на официјалната прес-конференција, имаше средба со македонските новинари, не сакаше директно да ги обвини судиите, но имаше што да каже.

„Уште вчера кажав дека не очекува тежок борба и знае да не понесе еуфорија. Знаев што не очекува, очекував позитивен резултат. Да ја искористиме таа позитивна атмосфера. Самодовербата што ја имаа играчите. Но, не секогаш, пресметките не се исти дома и на пазар што се вели. Секој меч е различен. Истиот излезе тотално вон контрола. Личеше на се, само не на еден меч од Мундијал, на официјален меч на Светско првенство. Колку и да не сакам да зборам, да се правдам поради нешто, но да имате дванаесет пенали, мислам дека колку и да е подобар противникот  и да дојде до такви ситуации, сепак, дванаесет пенали еден тим да има, и да имаме толкав  број на исклучувања, тешко како тренер, да го водите тимот против тоа.  Ние имаме скоро дваесет минути со играч помалку. Тешко е да ги браниш со оглед на нивната игра,  шест на шест, а камоли со играч помалку. Ако не дадеш гол, веднаш примаш, тоа е скоро па сигурно. И кога си комплетен имаш проблем, а не со играч помалку. Тоа е стратегија, да бидеме со играч помалку“, коментираше за македонските новинари нашиот селектор. 

Лазаров коментираше за Петар Атанасијевиќ, кој доби црвен картон. Директно исклучување заработи и Лазаревски.

„Им реков на момците дека мора да се бориме. На повеќе пати го кажав тоа. Да имаме што помалку исклучувања. Нивните брзите контри и брзи центри се неодбранливи. На чело со Стејнс. Пробавме, бевме блиску. Направивме грешки во првиот дел, во тие моменти ја направија таа разлика. Пробавме  со фластер на Стејнс, пробавме и да се вратиме и назад, во минус. Пробавме се. Но, Петар е неискусен играч, има само 21. година, и мораше да го остави. Џонов добро го замени, интелегентен играч. Но толку исклучувања, толку пенали…. ќе се подготвиме за Гвинеја. Не одлучувам јас околу жалбата, ќе видиме“, рече Лазаров. 

ПретходноРФМ ќе се жали за судењето!
СледноЛазаревски: Не ни беше дозволено да се вратиме кога игравме добро во нападот, редовно добивавме исклучувања, а Холандија „пенали“