Македонија не ја памети Холандија по добро, но тоа може да се промени во Вараждин

135

Холандија е новиот, голем предизвик за избраниците на Кирил Лазаров на Светското првенство. Нашите момци на дело покажаа дека можат да се носат со фаворити, секако доколку ги спроведат сите задачи перфектно. Против Унгарија на стартот на Мундијалот не делеа секунди од комплетна сензација, на крајот и освоениот бод значи многу. Самодовербата е на големо ниво, а грешките се посочени.

Пресметка со Холандија ќе биде поинаква, станува збор за противник кој игра различен ракомет од Унгарија. На другата страна „лалињата“ го имаат Лук Стејнс, кој е главниот морот во тимот, како и Кај Смитс, кој исто така е еден од лидерите на оваа репрезентација. Нашите момци ќе мораат да прават брза транзиција доколку сакаат да одиграат уште еден добар меч.

Холандија и Македонија имаат одиграно само еден натпревар во својата историја, тој беше пред две години на Светското првенство во Полска, победи противникот со 34:24.

ПретходноДа се знае кој е кој: Новак со стил со пласман во 1/8 финалето на АО!
СледноНејмар: Кога Меси дојде во ПСЖ јасно беше дека Мбапе е љубоморен!