Митревски: Тоа е скандинавскиот стил на судење

811

Македонската ракометна репрезентација предмалку во рамките од второто коло на Мундијалскиот турнир во Вараждин, Хрватска, загуби од Холандија со конечни 37:32. Во меч во кој голем, огромен удел имаа судиите, со свои одлуки, во меч во кој досудија преку десет пенали за противникот, Македонија реално и немаше шанси да се спротивстави на денеска разиграниот но и очигледно судиски „поттурнат“ противник.

Не е лесно да се бранат, направивме неколку технички грешки, со брз центар и контра напади ја направија таа клучна разлика. Можеби не требаше да заврши со пет разлика овој меч, реално можеби разликата беше два гола. Со оглед на тоа како се одвиваше мечот. Имаме меч за два дена мора да се подготвиме и сконцентрираме на него – изјави по мечот нашиот голман Никола Митревски.

На прашаењето дали бил дел од ваков меч во кој биде досудени толку многу пенали за противникот, Митревски рече.

„И на првиот меч имавме швеѓани, и овојпат скандинавски судии. Лесни на свирка. Имаат критериум кој што им лежи повеќе на холанѓаните. После четврти чекор, на седум, седум и пол метра свират пенали. Три пати имаше престап кој не го свиреа, доаѓаа играчите до гол што се вели. Во продолжение имавме пенал и исклулување. Тежок критериум за нас, а кога на холанѓаните ќе им дадеш доволно простор за вакво нешто тогаш тие го користат“  – рече Митревски.

ПретходноСрамно судење во Вараждин: Прв пораз за Македонија на СП, шансата за главна рунда е Гвинеја (ФОТО)
СледноЛазаров: Не сум паметен во овој момент да кажам нешто!