Во серија продолжуваат редовните собранија на општинските фудбалски сојузи, како претходница на генералното собрание на Фудбалската Федерација на Македонија. Денеска на ред беше она во Битола, а истото му даде комплетна поддршка на актуелниот претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ за кандидатурата која што ќе се случи на собранието на 15 март.
Како што е добро познато, на вонредното собрание одржано во декември, Масар Омерагиќ беше изгласан за нов претседател, а сега, на редовното собрание во март, неговата единствена кандидатура ќе биде потврдена со мандат од четири години.