Понуда на векот: Астон Мартин со 1,2 милијарди евра тргнува по Макс Верстапен!

209

Макс Верстапен е светски првак во последните четири години. Важи за најдобриот возач во Формула 1 во моментов. Тој нагласува дека е задоволен од својот престој во Ред Бул, но секогаш нагласува дека знае и тоа како да “отвори“ понудите на другите тимови до него. Тој потврди дека имал разговор со Тото Волф за евентуален трансфер во Мердецес,но засега ништо од тоа.

Сепак, вчера и денеска во медиумите на Островот наголемо се пренесува дека Астон Мартин го сака во своите редови Холанѓанецот и сака да му понуди петтгодишен договор вреден фантастични 1,2 милијарди евра или 237 милиони евра. Пари со кои Макс ќе биде најплатен спортист во светот.

Познато е дека од оваа сезона во тимот на Астон Мартин ќе биде Адријан Њуи, досегашниот главен дизајнер во Ред Бул и еден од најзаслужните за титулите на Макс во изминатите четири години.

ПретходноЛазаров го одреди составот за пресметката со Холандија!
СледноИлиески претставен во Албанија