Нема веќе дилеми. Арсенал и дефинитивно тргнува по екстра класа напаѓач. Откако се повреди Габриел Жезус јасно е дека на Микел Артета му треба и му непходен гол – играч ако сака да му се наметне на Ливерпул во битката за титулата.
Има неколку желби како Осимен, Влаховиќ, Исак, сепак во преден план е Швеѓанецот во дресот на Спортинг Лисабон – Виктор Ѓокерес.
Тој во моментов е најбараниот напаѓач во светот на фудбалот. Спортинг Лисабон тоа го знае и за него бара 100 милиони евра отштета.
Последните вести од Островот велат дека Арсенал е подготвен да ги исплати тие пари и да дојде до фантастичниот Ѓокерес.
Арсенал во нападот со овој Ѓокерес секако дека ќе биде некоја друга димензија, тогаш и титулата во Премиер-лигата нема да биде толку далеку.