Фудбалска поддршка за македонската ракометна репрезентација. Капитенот на Динамо Загреб Стефан Ристовски и поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски се во Вараждин и и даваат поддршка на ракоментата репрезентација која што во моментов го игра вториот дуел од Мундиајлската групна фаза против Холандија.
Ангеловски беше присутен и на првиот дуел против Унгарија, а сега има „засилување“ во името на Стефан Ристовски.
Секако дека и обајцата се добредојдени меѓу нашите навивачи во Вараждин, популарната Фаланга која што секогаш е играч плус за нашите ракометари.