Срамно судење во Вараждин: Прв пораз за Македонија на СП, шансата за главна рунда е Гвинеја (ФОТО)

1097

Македонската машка ракометна репрезентација го запиша првиот пораз на Светското првенство, откако беше совладана од Холандија со 37-31 (18-15). Последниот меч од групната фаза нашите ракометари го играат во недела против Гвинеја (18 часот).

Нема да бараме алибин, но судиите наклонети кон противникот. Имаа неколку чудни одлуки, кои во одредени моменти во првото и во второто полувреме, секако ова имаше свое влијание на резултатот, едноставно не им дадоа на нашите ракометари да играат. Или исклучуваа македонски играч или судеа седмерец во корист на противникот.

Одбрана на Никола Митревски на стартот на мечот, на другата страна Кузмановски реализираше за 0-1. Кирил Лазаров се одлучи во одбраната да игра „фластер“ на Стејнс. По 1-2 за нас, нашите момци направија три технички грешки, Велковски заработи исклучување, а противникот поведе со 4-2 во 7-та минута. Велковски успеа да израмни на 5-5, а веќе во 14-та минута со головите на Кузмановски и Пешевски, и по одбрана на Митревски поведовме со 8-9.

Ја одржувавме позитивата од еден гол во следните минути, но Холандија со брза транзиција израмнуваше. При ново водство за Македонија од плус еден настана вистински циркуз на теренот, Лазаров заработи жолт картон, а нападот на Холандија траеше цела вечност. Маркоски зарботи исклучување.

По двојната одбрана на Митревски не искористивме напад за плус два, а згора на се во 22-та минута Петар Атанасијевиќ заработи директен црвен картон. Влеговме во серија на грешки, Холандија казни, во 28-та минута поведе со 17-13. Серафимов успеа да ја прекине нашата лоша серија од пет минути без реализација (17-14). Со играч помалку Холандија реализираше за 18-15, сепак Серафимов брзо врати за 18-15 на одморот.

Второто полувреме Холандија го отвори со два гола за 20-15 после 3:30 минути игра. Стојковиќ го реализираше првиот гол за 20-16. Најдовме начин како да се вратиме од негативата. Одбрана на Митревски, и два гола во низа не донесоа на 23-21 во 41-та минута, а потоа на 25-22 на средината на второто полувреме.

Ни беше потребна цврстина во одбраната, но и напад без технички грешки. Судиите продолжија да ги туркаат напред Холанѓаните, она што беше седум метри за противникот, кај нас не важеше.

Во 48-та минута атмосферата се вжешти, Шонакер доби црвен картон, а Македонија успе да намали на 27-26 (стрелаа Кузмановски и Лазаревски). Уште еден подарок за Холандија, Пешевски заработи две минути исклучување на стартот на 50-та минута. И не беше само тоа, судиите измислуваа седмерци за Холандија. Рутгер зголеми на плус 4 (29-25 и 20-26). Со вака поставени работи на теренот тешко беше да се брка негативата.

Очајното шоу на судиите не застана. На четири минути до крајот при 32-29 и играч помалку, Лазаревски заработи директен црвен картон. „Црвено-жолтите“ не се откажаа, Серафимов од седум метри доближи на 32-30. Тешко беше да се одбрани нападот на Холандија со четворица играчи во дефанзивата. Кузмановски постигна вежн гол за 33-31, но Холандија доби нов „пенал“, Кај Смитс зголеми на 34-31 на две и пол минути до крајот. Нова „бомба“ на Кузмановски за 34-32 на минута и пол до крајот. Примивме гол за 35-32, не реализиравме за крај на сите надежи.

Стрелец број еден кај репрезентацијата на Холандија беше Тен Велде со единаесет погодоци, а понего Ставаст со пет. Кај Македонија пак Кузмановски број еден до севет гола, а Серафимов застана на шест.

ПретходноОФС Битола едногласно, поддршка за претседателот Масар Омерагиќ
СледноМитревски: Тоа е скандинавскиот стил на судење