Така треба: Од следната сезона “десетката“ на Барса ќе ја има Ламине Јамал!

587

Очекувано. Јасно е дека Ламине Јамал иако има само 17 години важи за најголема ѕвезда на Барселона и веројатно најголема ѕвезда во светскиот фудбал.

Се чини дека токму Јамал е легитимниот наследник на Меси на светскиот трон. И кога е така, а секако дека е така, во Барселона веќе има одлука.

Ансу Фати и онака веќе нема иднина во Барселона, па така престижната “десетка“ на дресот ќе ја добие Јамал. Така и треба.

Само да потсетиме кој се во последните децении го носеше дресот со бр.10 во каталонскиот гигант:

Меси, Марадона, Роналдињо, Рикелме, Литманен, Ривалдо, Џовани, Хаџи, Стоичков, Ромарио…

Од следната сезона тоа ќе биде Ламине Јамал.

Претходно“Копа дел Реј“: Ендрик го спаси Реал Мадрид од нова бламажа!
СледноВиландер, Надал, Ѓоковиќ, па Алкараз: Шпанецот со мали турбуленции продолжи во Мелбурн (ВИДЕО)