Македонија не успеа против Холандија. Прв пораз на ова СП и тоа со 37:32. Македонија одигра храбро, одигра навистина борбено, секако дека и судиите од Данска беа против нас, но Холандија победи.
За тоа како го виде мечот свој коментар по мечот имаше Томислав Јагуриновски:
“Беше еден тежок меч за играње. Игравме против силна репрезентација со квалитетни играчи. Искрено не знам што беше пресудно, едноставно мечот беше таков каков што беше. На крајот тие беа подобри, иако имавме шанси да се вратиме, сепак на крајот бевме поразени“ посочи Јагуриновски.
За наредниот дуел со Гвинеја тој истакна:
“Исто како и на овие два меча. Одиме со сите сили, мораме да победиме на овој натпревар за да продолжиме во наредната фаза“.