Анчелоти: Исвиркувањета на „Сантијаго Бернабеу“ не мотивираа

134
ФОТО: FC Real Madrid/Twitter

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти имаше измешани чувства по победата од 5-2 над Селта во Купот на кралот. „Кралевите“ за малку ќе загубеа, откако водеа со 2:0, дозволија израмнување на крајот и мораше да се игра продолжение, па дури таму својата волја ја наметнаа домаќините на „Сантијаго Бернабеу“. Во еден момент од трибините се слушнале свирежи на играчите на „кралскиот клуб“, а според Анчелоти токму тие му помогнале на неговиот тим да се соберат и да ја коваат победата.

„Многу е едноставно, примивме два гола на крајот. Игравме добро 70 минути и требаше да ја запечатиме нашата победа. Сепак, во дополнителното време момците добро реагираа и ги решија работите, а се добро се заврши. Сето ова беше резултат на намалувањето на агресивноста на крајот од натпреварот, а тоа не треба да се случи. Работиме на отстранување на овие грешки и одржување на високо ниво до самиот крај.

Исвиркувањето од трибините беше како предупредувачко светло за нас. Односот на навивачите е разбирлив, особено по поразот од Барса. Кога на Сантијаго Бернабеу почнаа да не исвиркуваат, тоа не разбуди. Кога навивачите ни помагаат, тоа е нешто посебно “, додаде Италијанецот.

ПретходноГолманот на Холандија порача: Ја почитуваме Македонија, не смее да ја потцениме
СледноМасев повторно директор на А-репрезентацијата, Митрески нов спортски директор на У-21, се зголемуваат судиските такси…