Големо засилување за Тиквеш пристигнува зимава. За Кавадарчани на пролет во нападот ќе игра ни помалку ни повеќе туку некогашниот репрезенаттивец на Финска, и некогашен играч на германска Арминија Билефелд, белгиски Зулте Варегем, Хелсински, швајцарски Тун, шпански Гимнастик, кипарски Анортозис и ред други клубови, Берат Садик.
Момчето кое што е родено во Скопје но кое што израсна во Финска, играше за оваа репрезентација 13 пати постигна и еден гол, доаѓа во Кавадарци за да ја финишира што се вели својата пребогата играчка кариера. Иако во моментов има 38. години тоа реално и нема да биде преголем проблем, со оглед на искуството и несомнениот квалитет кој што Садик го поседува.
Во него Тиквеш гледа дел од решението за хроничната не е фикасноста есеноска. Донесени се неколку играчи на оваа тема, во името на Арби Воша, Даниел Миловановиќ, но реално 192 сантиметри високиот Садик ќе прави разлика во голема мера. Ќе биде проблем за поголемиот дел од дефанзивците во ПМФЛ шампионатот и стратегот Ѓорѓи Мојсов сериозно смета на неговите квалитети.