Масев повторно директор на А-репрезентацијата, Митрески нов спортски директор на У-21, се зголемуваат судиските такси…

2439

Новото раководство на Фудбалската федерација на Македонија продолжува со интензивно темпо. Имено и денеска ќе се одржи седница на УО на ФФМ на која, како што дознаваме, ќе има неколку важни одлуки со цел унапредување на мак – фудбалот.

Дени Масев по неколку месеци, откако самиот си даде оставка во времето на претходното раководство со кое не се согласуваше со неговата работа, повторно ќе биде назначен за спортски директор на А – репрезетавицијата.

Нов спортски директор на У-21 селекцијата ќе биде Игор Митрески, поранешен наш истакнат репрезентативец и стопер со богата фудбалска кариера. Позната “фаца“ во мак – фудбалот.

Инаку како што и беше кажано, се очекува на денешната седница на УО да се донесе одлука за зголемување на судиските такси.

Што се однесува до младинските категории, ќе се именуваат и селектори на оние млади репрезентации кои сега немаат предводници. Познато е дека претходно селектор на У-21 беше назначен Горан Станиќ а Ерхан Селими остана селектор на У-18.

ПретходноАнчелоти: Исвиркувањета на „Сантијаго Бернабеу“ не мотивираа
СледноЛазаревски: Нашата игра ќе биде сменета од корен!