Нејмар: Кога Меси дојде во ПСЖ јасно беше дека Мбапе е љубоморен!

122

Нејмар конечно откри што навистина се случувало во периодот кога тој играше за ПСЖ, кога во клбот заедно беа во тој момент веројатно најголемите светски ѕвезди, Нејмар, Меси и Мбапе.

Исто така откри каде “пукнало“ пријателството со сегашниот член на Реал Мадрид:

Килијан во прв момент беше пристојна личност. Имаше респект кон мене, често се дружевме, често доаѓаше во мојот дом. Имаше тука пријателство. Да, подоцна имавме неко караници, но јас и натаму мислам дека е добра личност. Сепак некои работи од корен се променија по доаѓањето на Меси во ПСЖ. Јасно беше дека Мбапе е љубоморен, не сакаше никако да се дружи со нас и стана неподнослив. Кога дојде Меси во Париз тој во целост го промени својот однос“ посочи Нејмаер за Мбапе.

ПретходноМакедонија не ја памети Холандија по добро, но тоа може да се промени во Вараждин
СледноДенеска на Мундијалот: Норвешка мора, ама баш мора да победи!