И после четири дена на СП: Кузмановски и Костески се на врвот на Топ листите!

1860

После четири дена на Светското првенство на врвот на листата на најдобри поединци и натаму се Филип Кузмановски и Ненад Костески.

Капитенот на македонската репрезентација е втор стрелец на Мудијалот со 19 голови, еден помалку од Рен Велде, кој има 20 погодоци. Кузмановски кој игра добро Светско првенство, второто место го дели со Матијас Гитсел од Данска.

 

Нашиот ракометар е на третото место во категоријата „голови+асистенции“. Популарниот Фитиљ има вкупно 23 (19 гола и четири асистенции) после два одиграни натпревари.

Ненад Костески и натаму пак е меѓу најдобрите во категоријата на украдени топки. Има четири за делба на првото место заедно со Звонимир Срна од Хрватска и Фабио Магаљаеш.

Македонија вчера беше поразена од Холандија со 37-32, својата шанса за пласман во главната рунда ќе ја бара против Гвинеја, дуелот се игра утре со почеток во 18 часот.

 

ПретходноПотресна изјава на Луис Енрике за својата почината ќерка: Се сеќавам на еден момент во Берлин….
СледноДанската телевизија која го намести Начевски, се обиде да го испровоцира Мечка – но удри во ѕид!