Клајверт го „уништи“ Њукасл на негов терен

94

На големо изненадување, на стартот на денешната Премиер лога програма, тимот на Борнмут на гостински терен со високи и убедливи 1:4 славеше кај тимот на Њукасл.

Во меч во кој прв поведе тимот на Борнмут сосема заслужено ги однесе трите бода дома, благодарение на Џастин Клајверт. Тој не само што погоди за 0:1 во шестата минута, туку погоди и за 1:2, откако за домаќинот израмни Бруно Гимараеш.

Клајверт стигна до својот хет трик во втората минута од судиското продолжение во второто полувреме, а конечните 1:4 ги постави Милош Керкез во деветтата „екстра тајм“ минута.

ПретходноОдермат неприкосновен во Венген
СледноПораз дома од Севиља: На Џирона не и оди без Миовски!