Двата водечки тима вод омашниот шампионат, МЗТ Скопје и ТФТ продолжија победнички на врвот на табелата во Првата Мтел лига. Вечерва во мечевите од 14. коло, МЗТ Скопје А. го доби вечното дерби против градскиот ривал Работнички со 75:63, додека ТФТ славеше на гостувањето кај Кожув со 75:76.
И на двата меча неизвесноста беше проткаена во сите четири четвртини, со тоа што дуелот во Скопје неколкупати беше прекинуван. Во првата четвртина, првиот прекин се случи кога влегоа фановите на гостите од Градски парк. Потоа вториот прекин се случи кога домашните фанови фрлија ролни хартија на паркетот, за да во 3. минута од втората четврина поради употреба на пиротехнички средства од страна на гостите дојде до трет прекин. По сите перипетии, мечот заврши со победа на домашните.
Војдан Стојановски со 20 кошеви беше најефикасен кај МЗТ Скопје, додека во составот на Работнички, Ѓуроски постигна 18 поени.
На дуелот во Гевгелија, до последната секунда гледавме драма. ТФТ влезе во последните 30 секунди со предност од 5 поени (69:74), но Кожув со едно погодено слободно фрлање и тројка на Стевановиќ успеа комплетно да се врати во игра. До крајот се шутираа „пенали“ и на крајот славеа гостите.
Вилсон со 27 поени беше најефикасен кај Кожув, додека Николов и Говенс имаа по 14 поени за ТФТ.