Пораз дома од Севиља: На Џирона не и оди без Миовски!

101

И дефинитивно на Џирона не и оди без Македонецот Бојан Миовски кој поради повреда го пропушти и денешниот меч со Севиља. Тимот од Каталонија дома беше поразен од Севиља со 1:2.

Во меч од 20.коло во Ла Лига интересно беше во секој случај. Уште во 3.минута гостите не реализираа пенал преку Ромеро.

Тоа го казни Мартинез со гол во 36.минута за водство на Џирона од 1:0. И така беше се до 59.минута кога Саул израмни на 1:1, а во 88.минута, значи во самиот финиш Лукебакио стрела за 1:2 и за големи три бода за составот на Севиља.

ПретходноКлајверт го „уништи“ Њукасл на негов терен
СледноИгдир се пофали со Аврамовски! (ФОТО)