Ново разочарување за навивачите на Арсенал, откако вечерва на домашен терен одиграа 2:2 против екипата на Астон Вила во 22. коло на Премиерлигата. „Топчиите“ повторно се оддалечија од лидерот Ливерпул на 6 бода и меч повеќе, што за Ливерпул е одлична појдовна точка во трката за титулата.
Ниту водството од 2:0 во 55. минута, кое го обезбедија Мартинели и Хаверц, вечерва не му беше доволно на Арсенал, затоа што упорните гости успеаја во кус временски интервал да дојдат до израмнување. Головите на Тилеманс и Воткинс беа доволни за Вила да се спаси од пораз.
Интересно е што Астон Вила погоди за 3:2 во 87. Минута, но голот на Хаверц му беше поништен поради игра со рака. Во 90. минута вистинска драма. Најпрво статива на Микел Мерино и потоа зицер за Тросар и неверојатна интервенција на Емилијано Мартинез.