Уф, каков настап на Дарвин Нуњез попладнево на гостувањето кај Брентфорд. Имено до 90+1.минута резултатот на средбата Брентфорд – Ливерпул беше 0:0. “Редси“ до тогаш упатија 35 удари кон голот на домашнит, и се беше бадијала, гол немаше па немаше. И кога се чинеше дела овој меч ќе заврши без голови и тоа ќе биде кикс на лидерот, на сцена стапи Дарвин Нуњез, напаѓачот од Уругвај кој Ливерпул сака да го продаде по секоја цена, и со два гола во првата и третата минута од судиското продолжение му донесе победа на својот тим од 0:2 и нови три бода, златни три бода во битката за титулата.
На останатите средби од 16 часот во ова 22.коло во Премиерлигата, Лестер дома беше поразен од Фулам со 0:2, Кристал Палас како гостин со 0:2 славеше кај Вест Хем.
Интересно, сите три меча од овој термин завршија со резултат 0:2.