Вардар породолжува со зимските подготовки според планот на страегот Гоце Седлоски. Откако неколку дена се работеше и тренираше во својот тренинг камп, вардарци денеска отпатуваа во Анталија каде ќе ја одработат главната фаза од тековните подготовки.
Покрај вообичаените тренинзи, фудбалерите на Вардар ќе одиграат и неколку пријателски средби со познати противници.
Јасно е дека Вардар оваа зима и тоа како засилен со повеќе нови имиња, но според раководството на клубот ќе се инсистира на доведување на уште две – три нови имиња со цел тимот да се комплетира ако се знае пред какви тешки предизвици ќе биде во пролетниот дел од сезоната.