Дали е ова најлошото сценарио за Дувњак во последниот танц за Хрватска?

425
Фото: hrs_instagram •

Ракометната репрезентација на Хрватска победата над Аргентина од 33:18 во второто коло на Светското првенство ја плати со повреда на капитенот Домагој Дувњак. Тој во првите минути се здоби со повреда на потколеницата. На негово место тренерот Дагур Сигурдсон го повика 36-годишниот Игор Карачиќ, кој во текот на денот ќе му се приклучи на тимот.

Карачиќ кој игра за Кјелце на својот профил објави фотографија со Дувњак и напиша: „Издржи брат“.

Во најлошото сценарио оваа повреда за Дувњак би значела дека овој турнир е завршен за него, а со тоа и неговата репрезентативна кариера. Ова е негово последно големо натпреварување со репрезентацијата. Има 36 години и зад себе има бројни успеси, од кои последен е сребрениот медал од ЕП 2020 година.

Хрватска веќе го обезбеди своето место во главната рунда на Мундијалот по убедливите победи над Бахреин и Аргентина. Останува уште мечот со Египет во недела од 20.30 часот.

ПретходноДанската телевизија која го намести Начевски, се обиде да го испровоцира Мечка – но удри во ѕид!
СледноСимеоне за судењето на мечот Реал – Селта: Зарем сте изненадени? Па тоа тие го прават 100 години!