Дербито е во прекин, играчите заминаа во соблекувалните, треба да се испразни салата каде што се фановите на Работнички!

405

Да, навстина ништо ново кога играат МЗТ Скопје Работнички. Вечерва во салата “Јане Сандански“ одново “шоу“ на навивачите на двете екипи. Во првата четвртина, првиот прекин се случи кога влегоа фановите на гостите од Градски парк. Потоа вториот прекин се случи кога домашните фанови фрлија ролни хартија на паркетот, за да во 3.минута од втората четврина поради употреба на пиротехнички средства од страна на гостите дојде до трет прекин кој сигурно ќе потрае.

Играчите на двете екипи се веќе во соблекувалните.

Последна вест е дека треба да се испразни делот од салата каде што се фановите на Работнички.

ПретходноИХФ го казни РФМ парично поради навивачите, ќе затвори дел од трибините за дуелот со Гвинеја
СледноТиквеш со гостинска победа кај Гостивар!