ИХФ го казни РФМ парично поради навивачите, ќе затвори дел од трибините за дуелот со Гвинеја

1763

Македонската ракометна федерација доби парична казна после случувањата на трибините на вчерашниот дуел меѓу Холандија и Македонија. Казната е на име на недолично однесување на фановите против Холандија во мечот од второто коло на СП, а истата изнесува 10.000 франци.

Покрај паричната казна, ИХФ му нареди на домаќинот да ја затвори трибината зад клупата кај тимовите. Доколку се повтори истиот инцидент Македонија ќе игра без публика. Ќе се зголеми и бројот на обезбедување, а сите навивачи ќе бидат детално проверени, вклучувајќи и торбите кои ќе ги носат.

Во продолжение ви ја пренесуваме одлуката на ИХФ:

Македонската ракометна федерација изречена е парична казна поради недоличното однесување на македонските навивачи;
Македонската ракометна федерација е предупредена дека идните натпревари на селекцијата на Македонија ќе бидат затворени за гледачи доколку се повторат слични инциденти.

По горенаведеното, на ЛОК му е наложено дека:

*просторот на гледачите зад тимските клупи/масата за поддршка за гледачите да биде затворен за сите понатамошни натпревари;
*да се зголеми присуството на безбедносниот персонал и полицијата во Вараждин и да се извршат целосни контроли на пристапот, вклучително и контрола на сите гледачи, торби итн.;
*гледачите и носителите на билети да бидат информирани за безбедносниот концепт.

Македонските фанови синоќа фрлаа тврди предмети на теренот, а по завршување на мечот Холандија избега од теренот осудувајќи го однесувањето на нашите навивачи.

ПретходноКузмановски: Оваа Македонија има иднина! Гвинеја е аутсајдер но нема да ја потцениме!
СледноДербито е во прекин, играчите заминаа во соблекувалните, треба да се испразни салата каде што се фановите на Работнички!