Од ден на ден и тоа како јакне поддршката за актуелниот претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ. Денеска и ОФС Тетово од своето Собрание ја истакна својата поддршка за Омерагиќ за Редовното изборно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија кое ќе се одржи на 15 март оваа година и на кое се очекува тој да добие нов, четиригодишен мандат како прв човек на Фудбалската федерација на Македонија.