Лазаров: Нема да калкулираме против Гвинеја, мора да се мобилизираме и да победиме!

317

Македонската машка ракометна репрезентација ги прави последните подготовки пред утрешниот дуел со Гвинеја за пласман во главната рунда на Светското првенство. Ова е противник кого планиравме да го победиме уште пред стартот на Мундијалот.

Иако Кирил Лазаров и неговите избраници зад себе имаат два тешки меча, ремито со Унгарија и поразот од Холандија, сепак нема да калкулираат, ќе одат максимално против дебитантот на СП.

„Натпреварот со Гвинеја ни е од круцијално значење. Мораме да се мобилизираме и да го добиеме натпреварот. Нема да калкулираме воопшто, победата ни е потребна за пласман во втор круг. Можеби сме фаворити на хартија, но со оглед дека имавме две тешки и исцрпувачки дуели, очекувам тежок натпревар”, изјави Лазаров. 

Натпреварот меѓу Македонија и Гвинеја е закажан со почеток во 18 часот.

ПретходноИ ОФС Тетово со поддршка за Омерагиќ! (ФОТО)
СледноФранција со триумф против Австрија, убедливи и Шпанија и Словенија!