Ларс Кој од Вардар: Македонците гледаат на спортот како да им зависи животот од него

881

Македонската ракометна репреентација синоќа во рамките од второто коло од Мундијалот кој се одржува во Вараждин, Хрватска, загуби од Холандија со конечни 37:32. Дуелот го окарактеризира судиската кражба во режија на данскиот двоец во црно кој направи се денеска да не се зборува за спортскиот дел од овој меч, туку за нивната тенденциозна арбитража, која словодно може да се нарече кражба.

Ова нас не боли, и тоа многу. Толкму многу што е несфатливо за Ларс Кој, репрезентативецот на Холандија, пивотот кој минатото лето дојде токму во мак-ракометот облекувајќи го дресот на Вардар. Запрашан околу вчерашниот дуел, ракометот во Вардар и воопшто Македонија како тема, Кој имаше интересен одговор.

„Тоа е сосема поинаков свет и култура. Се што прават, прават со голема страст, дури и во некои разговори ќе помислите дека се бесни едни на други, но тоа е сосема нормално за нив. Можам да кажам дека се отворени и пријателски луѓе, но во спортот, секогаш се е прашање на живот или смрт. Ако победиш си Господ, но по секој пораз си никој и ништо. Нe го разбирам јазикот и не знам што викаат, но можам да кажам дека се фрла со најразлични предмети кон играчите… Морам да потенцирам, атмосферата е фантастична, игравме дерби во Скопје пред 4.000 навивачи, тоа беше специјално, прекрасно искуство“,  – рече Кој.

ПретходноРакометот е во нашата „ДНК“: Не можете да ни ги одземете достоинството и гордоста!
Следно„Македонија загуби од Холандија со помош од Данска“