Лудница во Бохум: Лајпциг во 22.минута имаше 0:3, на крај дојде само до бод!

107

Каков луд натпревар во Бохум, во рамките на 18.коло во Бундес-лигата. Имено Лајпциг како гостин во 22.минута имаше водство од 0:3. Стрелци на головите беа Орба, Нуса и Баумгартнер. “Биковите“ во овој период постигнаа уште еден гол, но ВАР им го поништи поради офсајд. И кога сите помислија дека домашниот тим ќе претрпе вистинска катастрофа, Лајпциг како да застана.

И тогаш на сцена стапија домашните кои со три гола, сите второто полувреме, и сите три на Боаду, кој третиот од пенал во 61.минута дојдоа до 3:3. Во продолжение од средбата Бохум имаше шанса и за победа, но исто така и гостите имаа во 90+5.минута преку Поулсен, сепак конечниот резултат беше 3:3.

И на оваа средба, како и минатата, Елиф Елмас беше на клупата.

Баерн Минхен на свој терен славеше со 3:2 против Волфсбург. Горецка два и Олисе беа стрелци за “баварците“ а Амоура двапати стрелаше за домашите за нови три бода на лидерот на табелата во Бундес-лигата.

На останатите мечеви од ова коло се постигнаа следните резултати:

Хајденхајм – С.Паули 0:2, Кил – Хофенхајм 1:3 и Штутгарт – Фрајбург 4:0.

ПретходноБолоња убедлива против Монца!
СледноА сакаа(т) да го продадат: Дарвин со два гола во судиското продолжение е херојот на Ливерпул!